Бројот на Русите кои сметаат дека претседателот Владимир Путин е политичар со најголема доверба во земјата значително се намали за една година, покажува најновата анкета спроведена од 20 до 26 минатиот месец од независниот центар Левада. Запрашани на кои шестмина руски политичари најмногу им веруваат, само 39 насто го ставиле Путин на првото место, што е за 9 проценти помалку од јуни. Путин во минатата недела го потпиша крајно непопуларниот закон за постепено зголемување на возраста за заминување во пензија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO