
Пред две недели го коментирав признанието на Мирослав Грчев за „грандиозната македонска измама“ и неговиот обид да ја толкува како ѓаволот што го чита евангелието. Во својата нова статија во ʺСлободен печатʺ, ден пред годишнината од атентатот во Марсеј, тој веќе не е двосмислен, а едноставен! За него, Македонија се олицетворува само од едната страна од „Македонската граѓанска војна“. Во неговото соззнание другата страна – онаа која не ја заштитува идејата за „културна посебност на Македонците“ очигледно е анти-македонска! За Грчев македонските Бугари не се дел од македонската историја, туку нејзиното проклетство! И тоа проклетство тој го обврзува не само со „вистинското ВМРО, од 1919 до 1934“, но и со денешното ДПМНЕ, кое секако нема ништо заедничко со бугарштината.
Но, овој фантастичен заклучок е дел од негоиот целосен расказ, стил фентази.
Според Грчев „Идејата за македонската државност и културна посебност, никна од земјата и ги пушти првите нежни ливчиња кон крајот на 19 век.“
Но каде поникнуваат овие идеи? Во некаква заспана аморфна маса? Каде остана Преродбата? Каде се илјадниците борци за независност на црквата, за отворање на сопствени училишта и читалишта? Каде се Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Рајко Жинзифов, Марко Цепенов, Григор Прличев? Чии песни собирале браќата Миладиновци и за која кауза загинале во Цариградска зандана? Каде се доброволците во српско-бугарската војна дедо Иљо Малешевски и Димитар Беровски? Свои ли се тие или туѓи?
Грчев е исправен пред нерешлив проблем.Не може да докаже дека тие се бореле за „посебност на Македонците“, но не може да ги исклучи од македонскиот пантетон! По се ‘изгледаат како свои, а се бореле за претворање на бугарите од етничка група во модерна нација, а подоцнежните за изградбата и консолидацијата на Бугарската држава.
За Грчев се поважни шепата етносепаратисти –кои се појавиле откако станувало сè појасно дека околните земји и големите сили нема да ја дозволат појавата ниту на „голема“ Бугарија, ниту на Македонија со „бугарска боја“. Но маките и беспокојството и колебањата на овие рани македонисти не се неговата драма. Како така Ѓорѓија Пулевски пишува македонска граматика, а потоа станува бугарски ополченец и ги поминува последните години од својот живот како „благонадежден“ во Софија? Како така Мисирков во еден момент повикува на одвојување на Македонците од бугарското етнонационално ткиво, но потоа се објавува за Бугарин, го завршува својот живот како директор на бугарска гимназија, а неговиот син е бугарски пратеник? Очигледно за Грчев тоа не се македонски драми, далеку потрагични од денешниот бојкот на референдумот! За него е драма дека маргиналните борци за „посебност на Македонците“ од крајот на 19 век исчезнуваат кога нивното дело било „изгорено од Балканските војни и од Првата светска војна, за практично да умре во времето на вистинското ВМРО, од 1919 до 1934 година, кога оваа терористичка организација убиваше само Македонци.“
Огромните усилија на доброволната Единаесетта пешадиска македонска дивизија, дејствијата на бугарските генерали од Македонија како Климент Бојаџиев, Крстју Златарев, Дионис Писинов, Александар Протогеров, Климент Джеров, на легендарниот полковник Дрангов и многу други не се дел од македонската историја!
Ниту отпорот против кралска Југославија! Чудна констатација. ВМРО убивале само Македонци! Какви се според Грчев Велимир Прелиќ и кралот Александар Караѓорѓевиќ?
Но со оглед на тоа што борбата против кралска Југославија не е борба за „посебност“ (на Македонците од Бугарите) значи таа не е македонска! За него е важно дека „Македонскиот проект повторно про`ртува по 1934 година – кога бугарската царска полиција го распушти ВМРО за да израсне во вистинска историска нужност и реалност до АСНОМ 1944. Македонија се појавува на историската сцена само кога фашистичката ВМРО е на гробиштето на историјата“.
Тоа е неговата дихотомија. Борци за „културна посебност“ од бугарите – значи добри. Противниците на „културната позебност“, значи лоши, фашисти! Ништо, дека во таа бројка влегуваат синовите на Питу Гули, братот на Никола Карев, најблиските пријатели на Гоце Делчев. Тие во Грчевата претстава не се Македонци.
Но при сите негови приказни за „посебност“ Грчев не крие дека за него независноста на Македонија воопшто не е важна. „Најголемиот и единствениот период на изградба и исполнување на македонската посебност, најплодниот и најцветниот период на самосоздавање и репродукција на нашата култура, од 1944 до 1991 повторно беше можен само со непостоењето на ВМРО“.
Тоа е неговиот златен спомен. Може да нема независност, може да нема плурализам, но нема бугарштина! Азбуката може да биде начичкана со букви кои никој дотогаш не ги видел, јазикот може да биде залеан со безброј зборови, кои никој дотогаш не ги слушнал! Важното е дека е етикетиран како „македонски“. Во секојдневниот живот може да продира музиката и стилот на однесување на србо-центричката југословенска субклултура. Од неа Грчев не сака „посебност“. „Српско-хрватскиот“ може да биде предложен за втор службен јазик. Грчев нема проблеми со тоа.
Самиот тој може да учествувал во создавањето на југословенска Македонија, но е нечесно од негова страна да пишува, дека таа се самосоздала. За разлика од преродбенска Македонија, која уште на почетокот и во средината на 19 век се самоопределила како бугарскаво отсуство на какви и да било бугарски институции, во 1918 Македонија беше напикана насила во таа Балканска мини-империја. По Втората светска војна, Македониjа немаше друг избор освен да се обиде да се адаптира. Во Jугославиjа историјата можеше да биде фалсификувана, но никој не смееше да протестира. Историјата се пишува од победниците. Југославија беше на победничката страна, југославенска Македонија исто беше победник. Бугарија и ВМРО беа „губитници“. Иднината изгледа и припаѓаше на Југославија. Минатото ќе биде такво, какво што Југославија и југославенска Македонија кажат дека е! За Грчев југославенска Македонија е вистинската Македонија. Другата, бугарската е „анти-Македонија“. За да живее едната, другата треба да умре!
Бугарската Македонија речиси беше убиена кога Југославија се распадна. Но неочекувано, според зборовите на Младен Србиновски, „победниците станаа губитници“. Веќе никој не се плаши од призракот на „големата“ Бугарија и таа стана членка на ЕУ и НАТО. Југословенската приказна за Словените кои дошле во 6-тиот век и станале Македонци веќе не држи вода. Но, со оглед на тоа што бугарските корени беа доволно сатанизирани, по падот на Љубчо Георгиевски, усилијата за објективизиране на историјата отпаднаа од политичката дебата меѓу главните партии. ДПМНЕ се заложи за „антиквизација“ и тоа го продлабочи спорот со Грција! Тие се претворија во најгласните застапници за „милениумската културна посебност“ на Македонците. На оваа провокација Грчев предлага една делумна историја на Македонија – на едно мало сепаратистичко течение од 19 век, искористувано од страна на надворешни сили за легитимирање на завладувањето на Вардарскиот крај и отцепувањето на македонските Бугари од нивните еднородци.
И ДПМНЕ и СДСМ се продукт на наложената од надворешни сили дебугаризација на Македонија и предлаганите од нив интелектуални продукти за легитимирањето на овој процес немаат шанса за трајна легитимација на модерниот македонски идентитет. И двете теченија се исправени пред нерешлив проблем. Реставрацијата на Југославија е толку веројатна, колку Никола Груевски да ги собере фалангите и да тргне на поход кон Индија. Грчев очигледно се надева дека неговата југославенска Македонија ќе најде нов инкубатор во лицето на ЕУ и НАТО, кој ќе ја заштити од бугарскиот отров на „вистинското“ ВМРО. ДПМНЕод своја страна се надева дека преку Русија и Србија, ако треба и во изолација ќе ја потиснат, делегитимираат и помакедончат бугарштината на „вистинското ВМРО“. И двете теченија се обидуваат да го блокираат формирањето на нов инклузивен идентитет кој не ја негира историската вистина и може им дозволи на македонците да живеат во хармонија со себе и со соседните земји.
Предложеното од Грчев знаме, се уште има шанса да стане симбол на тој нов, модерен, инклузивен македонски идентитет. Ако ја преосмисли својата антибугарска хистерија, Грчев сѐ уште може да го зачува своето место меѓу татковците-основачи на модерната македонска нација. Меѓутоа, доколку тој продолжува да се идентификува со одамна умрената Југославија, тој е осуден да остане симбол на еден исчезнувачки вид!
–––––––––––––––
Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
