Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изгледа си има ново „превозно средство“, констатира CNN.

За средбатата со Мајк Помпео минатиот викенд Ким Џонг Ун пристигна со лимузина на која експертите го забележаа логото на луксузната марка „Ролс-Ројс“ .. Покрај тоа се завртеа гласините дека Ким се здобил со нова „играчка“.

Ким е обично е гледан да го возат во луксузна лимузина на Мерцедес – како што беше случајот во април, кога придружба од чувари на безбедноста се качи крај автомобилот на Ким на самитот со претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин.

Тоа возило се смета за блиндирана лимузина со марка Mercedes-Maybach Pullman Guard, која чини над 1 милион долари.

Не е јасно како Ким си го купил новиот автомобил, бидејќи купувањето на такви работи речиси сигурно е прекршување на санкциите на ОН врз Северна Кореја, кои забрануваат продажба на луксузни стоки и автомобили на владата на Северна Кореја.

Ким Џонг-ил, таткото на сегашниот лидер, ги задоволуваше своите вкусови кон „забранетите плодови“, достапни на Запад, со помош на личен купувач, кој патувал низ Европа со куфери полни со пари, за да ги заобиколи меѓународните санкции и да купува стока за покојниот лидер на Северна Кореја.

Фактот дека Ким ја демонстрира својата нова придобивка токму на средба со Мајк Помпео, беше шлаканица за Доналд Трамп имајќи во предвид дека американскиот претседател инсистира меѓународната заедница строго да ги применува санкциите на ОН врз Северна Кореја, додека Пјонгјанг не се раздели со нуклеарните арсенали.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO