Антоан Гризман го спореди својот соиграч во репрезентацијата на Франција Килијан Мбапе со Кристијано Роналдо. Според седмицата на Атлетико Мбапе може да постигнува по 50 гола на сезона, слично на португалската суперѕвезда. „Кога го гледам Килијан, како да го гледам Кристијано од неговиот престој во Манчестер. Ако мисли само за победата, тој ќе постигнува по 50 гола на сезона“, изјави Гризман пред „France Football“. Французинот беше прашан и за емоциите по триумфот на Мундијалот 2018, при што тој одговори вака: „Беше неверојатно, не знаев каде да погледнам и што да направам – да одам да празнувам со навивачите, да го видам семејството или пак да крештам со соиграчите „рече напаѓачот на Атлетико. Според него, Златната топка треба да ја добие Французин заради победа во Русија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO