Датумот на свадбата на принцезата Јуџин се приближува (12-ти октомври), а медиумите веќе шпекулираат со проценетата сума за раскошната прослава со 850 гости.

Според медиумите, венчавката на внуката на кралицата Елизабета II ќе чини речиси 2 милиони фунти. Во нив е вклучена и наградата за познат оперски изведувач што е поканет да пее на настанот.

Невестата и младоженецот ќе пристигнат во катедралата со отворена лимузина и затоа имаат сериозни безбедносни трошоци. Со жрепка 1.200 луѓе ќе бидат избрани да бидат присутни во близина на катедралата Свети Ѓорѓи, за да ги видат гостите и младенците во живо. Меѓу оние што беа поканети на церемонијата беа Ед Шеран, Роби Вилијамс, Џорџ и Амал Клуни.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO