Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот, изградија соларна електрана. Засега станува збор за скромен објект со капацитет од еден мегават, а се наоѓа на 100 метри од поранешната нуклеарна централа.

Соларните плочи покриваат површина од 1,6 хектари и произведуваат доволно електрична енергија за 2.000 домаќинства.

Новата соларна електрана, иако во моментов има ограничено производство, властите очекуваат да биде далеку поголема. Таа во иднина е планирано да се простира на 2.500 хектари и да има моќност од 100 мегавати.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO