Пари Сен-Жермен го разгроми Лион со резултат 5-0 во натпревар од 9-тиот круг на француското првенство. Автор на 4 гола за помалку од 1/4 час стана Килиан Мбапе.

Младиот напаѓач на парижаните изработи пенал во првите минути од средбата, што го реализираше Нејмар. Мабапе се разигра во второто полувреме и постигна четири гола (61`, 66`, 69`, 74`).

Двата тима го завршија натпреварот со десет играчи – Преснел Кимпембе од ПСЖ доби црвен картон во 35. минута, а на крајот на првото полувреме му беше покажан втор жолт картон на Лука Тусар од Лион. Ѕвездениот тим на Пари Сен-Жермен ја забележа деветтата последователна победа во лигата и води на табелата со вкупно 27 поени, а Лион ја прекина серијата од четири натпревари без пораз и е на шестото место со 14 поени. Претстои пауза во Лига 1 за меѓународни натпревари, а во следниот круг на 20 октомври, ПСЖ го пречекува Амиен.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO