Григор Димитров загуби една позиција во светското рангирање и е деветти во новото издание на Асоцијацијата за машки тенис (АТП). Бугарскиот прв рекет не успеа да ги одбрани своите поени од полуфиналето на минатогодишниот турнир во Пекинг.

По откажувањето во вториот круг минатата недела, Димитров објави дека ќе го пропушти турнирот во Шангај и ќе изгуби уште 180 поени на ранг-листата. Сигурно нема да најде место меѓу првите осум тенисери и нема да игра во Лондон, каде што минатата година ја освои титулата. Во денешното издание тој е поместен од Кевин Андерсон од осмото место, а тоа е и единствената промена во Топ 10. Рафаел Надал останува лидер, следен од Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Хуан Мартин дел Потро и Александар Зверев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO