„Сакам да прашам, дали овие со БГ пасоши и со двојни државјанства имаат исти права како мене  и моите сограѓани да одлучуваат за мојата иднината, додека нивната е одамна решена по Германии и Австралии? И јас да имам бугарски пасош или да сум мажена во Острелија или овде да имам бизнис од кој можам да живеам комотно, ќе го перам мозокот на моите сограѓани дека најдобро решение е името да не го даваме“

Ова прашање си го поставува Фросина Ѓорѓиовска  на сајтот Галама.„Да сакав да се продадам ќе соберев 500 евра одамна за бугарски пасош и немаше да се замарам. Што е полошо? Да се пишеш бугарин или да си Македонец од Северна Македонија?ʺ

Велат дека сит на гладен не му верува. Веројатно како носител на бугарски пасош по раѓање и на „Остралијски“ по натурализација, веројатно не сум во позиција да ви давам акал што да правите. Но, како потомок на род од центарот на Скопје и правнук на хероина која уште во 19 век дала два живота за слободата на Македонија, како внук на учесник на АСНОМ, како магистар на меѓународни односи и конечно како човек кој ја сака Македонија, дури таква каквао што е, мислам, дека сум должен да Ви одговорам.

Проблемот на вашата земја е како што се изразивте во ʺперењето на мозоци „, но не само сега, туку и во текот на последните седум децении. Тоа ве турка во ќорсокак, од кој нема излегување дури со  капитулација. Потребна е рекапитулација, преосмислување, катарзис!

Додека верувате во приказната дека низ вековите постоел македонски народ, кој зборувал на македонски јазик, ама неговите соседи, највеќе Бугарите сакале да го окупираат, асимилираат, ама тој опстанал … излез од ќорсокакот нема! Какви и додавки да има на името да ставите – Северна, Горна, Вардарска, Туниска … нема излез, нема Европа, нема иднина. Ќе има само бескрајни спорови со соседите, спорови внатре во самото општество, хаос, распад!

Спор за името со Грција немаше да има, ако пред 28 години, при прогласувањето на независноста на Македонија сите нејзини лидери повторуваа: „Немаме никаква врска со античкото Македонско царство. Заедно со Бугарија сме рамноправен наследник на „општобугарското“ културно наследство од средниот век, кога суштествувала бугарска држава, од времето на Отоманската империја, кога на териториите на Македонија,  Бугарија и долови одденешните Грциjа, Србиjа, Албаниjа и Романиjа преовладувал бугарскиот етнос, на Преродбата – тоа сенародно усилие за преминување од небулозен етнос кон модерна нација и периодот на раната модерност, кога Македонците учествуваат во градењето на современата бугарска држава.

Тоа беше сè што требаше да го направите, и никој немаше да ви го оспорува вашето право да се нарекувате Македонци и да ја нарекувате вашата земја Македонија!

Но дали ова е вистинската историjа?

Нема потреба да ми верувате на мене. Јас може да сум лажго.

Не очекувам од Вас да ми поверувате. Сакам од вас нешто попросто. И потешко! Да се посомневате во сè што ви рекле вашите родители и наставници!Сама да си кажете: „Дали она што го велат Бугарите (претежно македонските Бугари) не е вистина? Не да носите вода од десет бунари за да докажете дека не било баш така!

За да си одговорите, немате потреба да ги читате моите писанија. Прочитајте ја најпознатата творна на објавениот за македонец на 20-иот век, Крсте Петков Мисирков.

Прочитајте ја неговата позната книга „За Македонцките работи“!

Што пишува во неа?

Ќе ви предложам кратка рекапитулација:

„Досега бевме дел од бугарскиот народ, но други сили не откинаа и нема да ни дозволат да се обединиме. Да успееше востанието, ќе имавме Македонија со „бугарска боја“, бугарски јазик, бугарски цркви, бугарски училишта. Но, востанието не успеа точно поради таа причина. Ниту останатите балкански земји ниту повеќето од големите сили нема да  прифатат бугарска Македонија. Во тоа гледаат сеништето на „голема“ Бугарија  Каде е излезот? Да изградиме нов, различен македонски идентитет, со македонски јазик, македонска црква и кој знае, останатите балкански земји и големите сили може да го прифати тоа! “

Во негово време малкумина прифаќаат таков компромис и во војните сите живи илинденци работат за бугарската кауза, убедени дека Бугарија влегла во касапницата токму заради нив. Но, генерациjа по поразот од 1918 година, дел од Македонците прифаќаат да работат за такво решение. Тоа е суштината на „Македонската граѓанска војна – меѓу оние за кои најважно е зачувувањето на бугарскиот идентитет и оние кои се подготвени да прифатат компромис со Југославија на база на концептот – Македонци – еден од југословенските народи. Ниту една страна во оваа граѓанска војна не треба да се определува како предавници. Ниту една партија во оваа граѓанска војна не треба да се дефинира какопредавничка. Смешно е да се означат просто како „фашисти“ и „комунисти“. И на двете страни имало  патриоти кои бараа  излез во безизлезот.  АСНОМска Македонија не е остварување на вековен сон, а сообразување со околностите. Македонија ќе била вратена на Југославија, подобро како одделна република со државотворен народ.

Ако притисокот во поголемиот дел од 20 век беше вашите предци да се откажат од тоа дека сте Бугари , во текот на последните три децении тој се преформулира во тоа вие да се откажете се од тоа дека сте Македонци!

Како што велеше баба ми, Македонија е земјата на маките.

Нема потреба да се откажувате од тоя што сте! Нема зошто да ве нарекуваат Перса! Тоа е грозно и понижувачко! Но за да ве земат на сериозно треба да престанете да ширите измислици и фантазии.Како што знаете, секој може да се нарече Александар. Само луд може да мисли дека потекнуваат од Александар Македонски.

Доволно е да го зајавите очигледното:“Предците на повеќето од нас биле Бугари, но ние сме Македонци. Имаме свој идентитет, свој веќе оформен јазик, свои симболи … „и тоа решава се. Нема спорови со соседите, нема „криптомакеднска“ држава на Самуил, нема Бугари, кои всушност не биле Бугари, нема преродбеници во заблуда, нема „ситуитивни“  Бугари, нема огромна плеада од предавници (денешни и во историски план) .  Едноставна формула која решава се!

Ќе имате ли храброст да го направите тој чекор?

Само тој ќе ги отвори вратите за Европа! И нема да има потреба за бугарски пасоши дури и за оние кои го сочувале нивниот бугарски идентитет.Бидејќи тие отсекогаш биле најлојални Македонци. Само тие никогаш не ја прифатиле Југославија за своја и сонувале за независност, дури и кога за тоа се одоше во затвор!

Иднината на вашата држава зависи од тоа.

Ако немате храброст да си помислите: „дали навистина не било така“, ако навистина ги гледате македонските Бугари како предавници, ќе останете како оние кои по вашите зборови „земаат 200 евра плата, но поважно им е името (всушност историските фантазии од времето на Југославија) отколку благосостојбата на својот народ“. На таквите луѓе никој не може да им помогне!

––––––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO