Тимот на Челзи поведе привремено на табелата во Премиер лигата, откако го победи Саутемптон со 3: 0 како гостин во натпревар од осмиот круг. На ʺСејнт Мерисʺ, „сините“ направија силен натпревар и заслужено стигнаа до успехот.

„Светците“ почнаа солидно и имаа одлична шанса да го откријат резултатот, но Дани Ингс не успеа да го погоди испразнетииот гол од неколку метри по прецизното центрирање на Рајан Бартранд. Малку потоа гостите поведоа во резултатот, откако Рос Баркли го пронајде во одлична позиција Еден Азар и белгискиот репрезентативец не згреши, продолжувајќи со извонредната гол форма од почетокот на сезоната.

Во 57 минута, тимот на Маурицио Сари, ја усвои предноста после статична позиција. Оливие Жиру беше пропуштен при центрирање од фаул на Вилиан и ја пушти топката паралелоа на гол линијата, каде таа беше дочекана од Рос Баркли. Домаќините се обидоа да се вратат во натпреварот, но Кепа се истакна со две одлични интервенции по ударите на Натан Редмонд и Дани Ингс, а резервата Алваро Морати имаше одлична шанса да зголеми на 3: 0 по доброто поддавање на Еден Азар, но пропушти сам против голманот на Саутемптон. Сепак, Мората го постигна својот гол во продолжението на натпреварот, кога повторно беше пронајден од Азар.

На овој начин Челзи собра 20 поени од првите осум натпревари и излезе на прво место на табелата пред дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити кое ќе се игра подоцна денес. Саутемптон се рангира на 16-тото место на табелата со пет поени..

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO