Ливерпул и Манчестер Сити изиграа нерешено 0-0 во дербито на осмото коло од Премиер Лигата, кое се играше на Енфилд.

Главните фаворити за титулата не понудија спектакл како што се очекуваше, но и двата тима играа солидно во заштита и претпазливо во напад, а чисти ситуации за гол положби речиси немаше. Во првото полувреме двата тима не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол, но по паузата вртежите се кренаа, и покрај тоа што голманите повторно не беа загрижени. Клучниот момент во дуелот дојде во 85-та минута, кога Виргил ван Дајк изврши глупавопрекршот над Лирој Сане во казнетиот простор и судијата Мартин Еткинсон досуди пенал во корист на „граѓаните“. Ријад Марез меѓутоа изведе пенал на исклучително слаб начин и ја испрати топката многу над вратата, а тоа беше и последната интересна ситуација во средбата.

По овоѓ нерешен резултат, двете екипи, како и Челзи имаат по 20 поени, разделени само по нивната гок-разлика, која е најдобра за Манчестер Сити.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO