
Претенциозното снобско клише се однесува со занемарување кон комедијата како кон драматургија од втора рака. Но одличната комедија не е помалку силна, како од трагедијата, така и од драмата. Во тоа имаа можност вчера вечерта да се убедат љубителите на театарот од Струмица кои до последно место ја наполнија салата на НУЦК Антон Панов и се насладуваа на „Мажот на жена ми“ од Миро Гавран.
Уште самиот наслов на пиесата, „Мажот на жена ми“, предизвикива чудно противоречие во сознанието на гледачот. Светски познатиот хрватски автор Миро Гавран опишал многу успешно една историја за полигамијата преку неговиот текст. Претставата е забавна без да биде вулгарна, што во голема мера е блиска до стилот на режисерот Мариус Куркински кој на мајсторски начин го поставува текстот. Колку влијателна може да биде една жена, и колку меки може да бидат двајца мажи, кога ќе се стигне до неверство со трет – околу тоа се врти основната нишка на сижето.
На мајсторски начин се претставија и големите бугарски актери: Марија Сапунджиева, Ненчо Илчев и Кирил Ефремов. Кога мајстор режира мајстори, очигледно е во состојба да го исцеди најдоброто од нив. Резултатот беше многу минутни аплаузи во текот на претставата и на нејзиниот крај.
На крајот на претставата, љубимецот на струмичката публика Кирил Ефремов (Близнакот Тишо од ʺПод прикритие”) се заблагодари на Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС) за добрата организација и гостоприемството, а на претседателот на БККС Лазар Младенов му ја подари jубилејната книга за фудбалскиот клуб Левски ʺ100 години Левскиʺ.
