Македонската економија значително закрепна во однос на 2017 година и се гледаат позитивни движења поддржани од приватните инвестиции и потрошувачката. Се очекува годинава економијата да забележи раст од 2,5 отсто, следната 2,9 отсто и 2020 година 3,2 отсто. На ваквите очекување може да влијае нарушувањето на реформскиот процес под влијание на изборните циклуси и неисполнување на фискалната консолидација.

Ова е оценката на Светска банка во редовниот економски извештај за Западен Балкан, што денеска беше презентиран во Канцеларијата на оваа меѓународна финансиска институција во Скопје.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO