Претставата „Мажот на жена ми“, која ќе биде поставена во струмичкиот театар на 06.10.2018 година (сабота) во 20:00 часот, а во содејство на Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС), е во режија на Мариус Куркински, според текст на Миро Гавран и со учеството на исклучителните бугарски актери – Марија Сапунджиева, Кирил Ефремов и Ненчо Илчев. Претставата веќе убедливо движи кон 200 претстави ширум Бугарија.

Автор на текстот е Миро Гавран-најпреведуваниот современ хрватски драмски писател и романсиер, чии творби се издадени на 35 јазици. А неговите драмски и комедиски претстави (повеќе од 30 се поставувани)  имале над 200 светски премиери и се видени од повеќе од два милиони гледачи во театрите.

Тројцата прекрасни и талентирани актери ја забавувале публиката во Германија (во повеќе од 15 градови), Шпанија, Англија, Австрија, Швајцарија, Данска, а после јубилејната претстава No. 200 на 30 март 2019 година, актерите се подготвуваат за голема есенска турнеја во САД.

Многу смеа и филозофски размислувања ги очекуваат гледачите кои ќе ја гледаат новата претстава на Мариус Куркински во која сериозните нешта од животот се гледани од смешната страна. Ова е приказна за опстанокот на една жена, напуштена уште како дете.

Тие ќе започнат интрига на сцената и ќе си ги разменат болните реплики од делото на еден од најголемите хрватски драматурзи.

Ликовите се луѓе кои имале многу тешкотии во животот, но наоѓаат сили да продолжат, покрај болката. Го интерпретираат тоа со многу хумор. Според режисерот претставата не може да се нарече токму комедија, но акцентот е ставен токму на неа. Дури и неверството е видено од смешен агол. Комедија во која ликовите живеат грешно и се свесни за тоа. Тие добиваат многу предупредувања, но не се менуваат. Уште во самиот наслов има сигнал за интересно, атрактивно, но опасно постоење. Дали е можно мојата сопруга да има маж ?! Зошто се доаѓа до таква прогонувачка и „глупава“ ситуација? Кои се причините?

Повелете да се насмееме со театарската група од Софија, во НУЦК „Антон Панов“-Струмица, 06.10.2018, со почеток од 20:00 часот.

Влезот е СЛОБОДЕН.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO