Николаj Василев
Николаj Василев

Според Откровението на Јован, 666 е бројот на ѕверот – едно од олицетовренијaта на ѓаволот. 666 743 гласачи учествуваа на референдумот на 30 септември, на кој граѓаните на Македонија требаше да се изјаснат дали се подготвени да го прифатат компромисот за името констатирано во договорот од Преспа, за да може нивната земја да го надмине грчкото вето и да започне процедура за присоединување кон ЕУ и НАТО. Макар што никој не знае колку од регистрираните 1 806 336 гласачи живеат денес во републиката, според официјалните податоци на Државната изборна комисија активноста на референдумот била едвај 36.91% од граѓаните со право на глас – т.е. далеку под потребните 50% од сите регистрирани гласачи + 1 глас за да се смета референдумот за валиден. Меѓу етничките Албанци активноста беше малку повисока од просечната во земјата, но далеку под очекувањата.

Власта истакна дека референдумот кој нема обврзувачки карактер, бил поддржан од повеќе гласачи отколку што гласале за претседателот, или за кое и да е владејачко мнозинство. Тие ветија дека ќе поднесат проект во Собранието за промена на Уставот. Во случај, таму да не се собере потребното двотретинско мнозинство, во земјата ќе треба да се спроведат предвремени избори. Од опозицијата изјавија дека владата не успеала и треба да поднесе оставка, како и дека Договорот од Преспа е мртов.

Референдумот не произведе прифатливо за сите решение, а ја врати земјата во кризата која владата на Зоран Заев повеќе од една година се обидува да ја надмине со храбри дипломатски потези.

Оние кои гласаа „За“ со право може да ги обвинуваат противниците на Договорот од Преспа, дека можеле да учествуваат наместо да бојкотираат. Тврдењето на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ дека оние кои го бојкотирале референдумот и оние кои гласале „Против“ биле повеќе од гласачите „За“ е елементарна манипулација. Никој не знае колку се „мртвите души“ во избирачките списоци, колку од оние што не негласале го бојкотирале референдумот и колку не се потрудиле да излезат на гласање, убедени дека референдумот ќе успее и без нив!

Но, оние што бојкотираа со право можат да тврдат дека прашањето на референдумот било поставено манипулативно. „Дали го поддржувате членството во ЕУ и НАТО со прифаќањето на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“ Многумина изјавија дека го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ и во НАТО, но дека се убедени дека тоа може да се случи без промена на името. Кој знае, во следните 29 години, Грција може да се откаже од својата желба да биде кума на соседната држава. Некои гласачи може да го поддржуваат членството на Македонија во една од споменатите организации, но не и во другата, иако досега ниту една источноевропска земја не била примена во ЕУ без да станела пред тоа членка на НАТО. Сосема теоретски, може да има гласачи кои се противат на членството на Македонија во ЕУ и/или НАТО, но го прифаќаат договорот со Грција…

Претседателот Ѓорге Иванов демонстративно го бојкотираше референдумот, велејќи дека тој веќе гласал на референдумот од 8 септември 1991 година. Но прашањето на тој референдум исто така беше манипулативно: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право да се вклучи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

Тогаш гласаа 1,132,595 гласачи, при што малку над еден милион (96%) гласаа „За“, а едвај 39,639, или 3.54% „Против“. Но и тогаш не беше јасно колку гласале за независна Македонија, а колку за некаков сојуз на суверени држави на Југославија?

Сличо на референдумот во Велика Британија, референдумот от 30 септември создаде повеќе проблеми заМакедонијаотколку што успеа да ги реши.

Верниците можат да откријат во бројот на оние што излегле на референдумот лош знак и да ди помислат дека ѓаволот го пропаднал референдумот. Други набљудувачи бараат потривијално објаснување. Според податоците на македонската организација Investigative Reporting Lab во последните недели на Twitter и Facebook се појавиле илјади лажни профили со хаштаг #Bojkotiram – повикувајќи на бојкот. Извори на изданието предупредувале уште пред одржувањето на референдумот дека Русија води тајна пропагандна кампања со цел неуспех на референдумот кој би ја гарантирал евроатланската интеграција на Македонија. Ваквите руски вмешувања не се ништо ново. Британските власти оддамна докажаа дека руската страна ги финансирала луѓето кои ја поддржуваа кампањата на Брекзит.

Со или без вмешувањето на ѓаволот, со или без решавачката улога на руските служби, се доби најлошиот можен резултат. Како поддржувачите, така и противниците на Договорот со Грција објавиија победа! Слично на Брекзит, референдумот во Македонија го подели општеството, наместо да го обедини пред предизвиците што претстојат.

Основниот проблем со референдумите е тоа што тие понекогаш им дозволуваат на популистите да ветуваат неостварливи работи и искористувајќи се од резултатот или од немањо на јасен резултат може да го направат наоѓањето на реални одлуки невозможно.

Во 2015 година во Грција беше спроведен референдум со следното прашање:

„Дали треба да се прифати предлогот на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд (…)?“

Во текот на целата кампања, премиерот Ципрас настојуваше, дека Европската политика за скратувања треба да биде изоставена. Неговиот проблем беше тоа што референдумот не се спроведуваше на територијата на целата Европска Унија, не на територијата на Еврозоната, туку само на територијата на Грција. 61,31% од грчките гласачи гласаа со „Не“, но тоа не промени ништо. Еден месец подоцна, Грција потпиша договор кој содржеше уште поостри ограничувања!

Британците гласаа за Брекзит, бидејќи им беше кажано дека ќе можат од една страна да го ограничат слободното движење (и најмногу правото на заселување) на државјани од Европската унија на нивна територија, дека нема да им се наложува да плаќаат значајни придонеси во Брисел , и дека нема да го прифатат владеењето на европското законодателство.Истовремено им беше внушено дека ќе можат да задржат целосен достап до европскиот пазар, да склучуваат свои сопствени трговски договори со различни земји од светот и ќе ја задржат границата меѓу нивната Северна Ирска и Република Ирска без гранични и царински контроли. Популистите внушија, дека како што се вели во една нивна поговорка, Британците ќе можат ем да си ја изедат тортата, ем да си ја имаат! Како резултат на тоа, веќе две години Велика Британија се тресе и никој не знае како ќе заврши кризата. Дали по допирот со реалниот свет Тереза Меј, или некој нејзин наследник нема да даде во рикверц, како што направи Ципрас? Или од гордост, британскиот народ ќе ја испие отровната чаша до крај?

Каков е точно проблемот во Македонија?

Откако Државната изборна комисија соопшти дека референдумот не е валиден, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ гордо изјави: „Овде живеат Македонци, нашиот јазик е македонски, нашите предци се Македонци, такви ќе бидат и наредните генерации“.

Уште со примањето на Македонија во ООН во 1993 година, светот го прифати постоењето на независна Македонија. Доколку нејзино име не беше признаено од некои држави, а заменето со опис на нејзината блиска историја: “ Бившата Југословенска Република“, никој сериозно не можеше да се спротивстави на правото на нејзините граѓани да се нарекуваат Македонци и да го нарекуваат јазикот македонски. Вистинскиот проблем доаѓа од проклетието: „Нашите предци беа Македонци“. Некои од оние кои повикуваа на бојкот на референдумот филозофираа дека „Северна Македонија“ е географски, а не етнички поим.

Основниот проблем на Македонците е што многу од нив одбиваат да го прифатат очигледното. Пред 100 години, „Македонија“ бил географски, а не етнички поим! Во земјата имало МакедонЦИ (Бугари), МакедонЕС (Грци), МакедонЛАР (Турци) итн. Нема ништо навредливо за новоформиран народ да го прифати географското име на земјата во која живее. Америка и Австралија постоеле како географски поими далеку пред да се појават Американците и Австралијците. Канаѓаните се исто така во одреден степен „Американци“, или како тие претпочитаат да се изразуваат „Северноамериканци“, но никој не го негира нивното постоење како народ!

Колку повеќе Македонци тврдат дека Македонија се вика така, бидејќи тоа е земјата на нив, Македонците, толку повеќе светот ќе им го одрекува правото да се нарекуваат Македонци и ќе настојува на некоја „додавка“!

Минатото е единственото нешто во нашата вселена, кое што барем врз основа на она што го знаеме за неа, не може да се промени! Не и со референдум, или уште помалку со неуспех на референдумот!

На денот по референдумот, некој напиша на своја страница на фејсбук: „Го информираа ли бугарскиот премиер дека „нашата заедничка историја“ со Бугарија заврши синоќа “ Всушност, „заедничката историја“ завршила пред неколку децении, но тоа не може да ја промени историјата на средниот век, Преродбата и раната модерност.

Сигурно многу Македонци веруваат во приказната дека во текот на вековите (според некои од антиката, според другите од средниот век, според трети од 19 век) постоела етничка група која се нарекувала „Македонци“. Македонија се нарекувала земјата во која што тие формирале го мнозинство. Тие си зборувале македонски јазик, што бил различен од бугарскиот јазик. Македонската држава била формирана во 1944 година како еманација на оваа етно-историска традиција ….

Оваа приказна беше темелот на кој беше легитимирано враќањето на Македонија во рамките на воскреснатата Југославија по Втората светска војна. Таа беше механизмот што го промени идентитетот на мнозинството од луѓето таму.

Парадоксално, но денес, оние кои најстрасно одрекуваат дека за време на Југославија бил заменет идентитетот на нивните предци, настојуваат најстрасно дека прифаќањето на „додавката“ кон името, ќе го промени идентитетот на нивните деца!

Ако референдумот за независноста на Македонија беше спроведен година-две пред распадот на Југославија да стане видлив и прашањето беше „Остануваме во Југославија“, или „Ја напуштаме Југославија“, веројатно повеќето Македонци би гласале со „Остануваме“. Но судбината на комунистичката федерација не зависеше од волјата на Македонците, така како што фискалната политика на ЕУ не зависи од волјата на Грците и како што слободно право на движење и населување во рамките на ЕУ не зависи од Британците.

Се разбира, Грција има право да ја напушти Еврозоната со катастрофални последици. Пред Велика Британија стои опцијата за „тврд“ Брекзит чија цена нема како да не е премногу висока! Македонија, исто така, може да избере да живее во изолација, но последиците ќе бидат тешки и непредвидливи. Крајно време е нејзината елита да осознае дека Југославија е мртва и дека доктрината за македонски народ кој постоел низ вековите треба да биде заменета со објективен прочит на историјата.

А сите ние, кои веруваме во демократијата треба да осознаеме дека референдумите често не се средство да се разбере каква е волјата на народот. Референдумот може да се покаже оружје за самоубиство!

–––––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO