Најголема посетеност, според него, има во јули и август, кога туристичките капацитети, иако во мал број, биле исполнети до максимум, а се барало и место повеќе. На територијата на Општина Ресен регистрирани се 400 легла во хотелско сместување и 157 во приватни сместувачки капацитети. Регистрираните легла се лоцирани генерално во руралните средини, кои располагаат со капацитети за развој на туризмот, како класичен, така и алтернативни форми“, истакна Гошаревски за МИА.

Најголеми потенцијали за развој на туризам, смета дека имаат населените места и туристичките населби Стење, Коњско, Претор, Отешево, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Сливница и Крани. Општината, нагласи Гошаревски, презема активности за привлекување домашни и странски инвеститори за туристичка дејност, со што ќе се придонесе кон зголемување на бројот на сместувачките капацитети и надминување на недостигот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO