Во студиото на „Още от деня““ темата беше дали е загрозено членството на Македонија во НАТО и ЕУ по вчерашниот референдум: Интервју со проф. Иван Илчев, историчар и Мирослав Ризински, Бугарски културен клуб-Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ го уништи референдумот во Македонија не за друго, туку затоа што тие не сакаа да се јавно „против“ и на тој начин да покажат дека се против движењето на Македонија кон Европската унија и НАТО, тоа го искоментира проф. Иван Илчев. Тој додаде дека двете главни политички сили во земјата се прогласија за победници.

Проф. Илчев истакна дека ако има категоричен победник на референдумот, тоа се македонските историчари, „затоа што она што тие го имаат напишано за три генерации во учебниците, нема начин да не се одрази во ставовите во македонското општество“. Тој додаде дека единствениот случај кога се создава идентитет врз основа на непријателство кон националноста, од која произлегуваш е Македонија.

Мирослав Ризински коментира дека проблемот е во давањето на содржини на овој идентитет. Тој посочи дека самиот референдум, согласно договорот меѓу Македонија и Грција е всушност консултативен.

На прашањето дали веќе послободно може да изјави дека е Бугарин во Македонија, Мирослав Ризински одговори: „Мислам дека веќе во Македонија ги нема прогонствата“. Тој додаде дека што се однесува до комисиите кои ги коментираат идните македонски учебници по историја, во нив требало да земат учество и Бугари од Македонија. Покрај тоа, според неговите зборови, овие комисии мора да работат јавно. „И трето – македонските граѓани, вклучувајќи и историчарите, треба да разберат дека од тоа тие не губат, бидејќи, сфаќајќи ја сопствената историја и вистина, таа веќе реално може да се позиционира на Балканот и да ги сфаќа реално сите процеси.“

Проф. Илчев заклучи дека е многу умерен оптимист во однос на развојот на односите меѓу Бугарија и Македонија.

Погледнете го целото интервју тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO