По една деценија без турнеја, Кристина Агилера се враќа. Пејачката се враќа на сцената за турнејата „Liberation“ (Ослободување), но сака да земе малку време од турнејата за да го помине со нејзините две деца едно момче и едно девојче.

Говорејќи пред толпата за време на нејзиното учество во Флорида, таа рече „да бидам мајка е нешто важно за мене и јас сум една многу практична мајка. Никогаш не сум сакала да се чувствуваат како да живеат во мојата сенка и тие не се важни. Не сакам да бидам таква мајка, па затоа зедов неколку дена за нив. Но, мама има потреба да се врати на она што треба да го прави „, рече Агилера.

И нејзиниот син Макс можеби еден ден ќе застане до мајката на сцената.

Зборувајќи за неговиот „неверојатен глас“, таа изјави „Самер и јас се држиме до нашите „Дизни“ песни, но мојот син Макс всушност има неверојатен глас. Тој не го покажува често, но кога го фатив вчера да пее се справуваше совршено. Тој дефинитивно има талент и ако сака може да направиме нешто со него „, вели таа.

Пејачката, исто така, вели дека нејзината ќерка не е голем обожавател на нејзиното пеење.

„Кога јас се разпејувам таа доаѓа и ми тропа на вратата и ми вели „Ти го вознемируваш прасето Пепа.“ Неверојатно е … Последен пат кога бев на турнеја бев бремена со мојот син. Во одреден момент требаше да се престане со турнеи од здравствени причини. Има одредена точка, после која треба да се запре. Но, време е да се вратам таму каде што сме собрани.ʺ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO