Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ соопшти дека е можно да го намали кредитниот рејтинг на Грција, ако владата и парламентот не успеат да ги реализираат планираните нови намалувања на пензиите.

Според весникот „Катимерини“, „Мудис“ го упатил ова ново предупредување до Грција, велејќи дека секој застој во намалувањето на пензиите ќе значи нов притисок на финансиските пазари врз Грција.

Рејтинзите на Грција беа двапати подобри, но исклучително големото ниво на државниот долг, бавното воведување на реформите и слабостите во банкарскиот сектор остануваат главните проблеми на грчката економија.

Агенцијата проценува дека краткорочно Грција може да има стабилна кредитна слика, но на среден рок остануваат сериозните нерешени проблеми, меѓу кои е и демографскиот состојба и иселувањето на помладото активно население.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO