САД, Европската унија и Јапонија најавија соработка во борбата против неправедни трговски постапки на други големи држави, како главно се очекува соработката да биде насочена против Кина. Ова беше договорено на состанокот на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европскиот комесар за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

„Ние повторно го изразивме нашето незадоволство и ја потврдивме нашата заедничка посветеност на борбата за праведни трговски практики и да ја запреме нелојалната конкуренција“, рекоа тројцата официјални претставници.

САД почнаа трговска војна, чија главна цел е Кина, со воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царини врз американски земјоделски и други производи. Трите земји индиректно ја осудија Кина и практиката на кражба на интелектуална сопственост – главно за патентите на технолошките компании.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO