Кралицата Паола, мајка на белгискиот монарх Филип, доживеала мозочен удар во средата вечерта, додека била на одмор во Италија. Ова го соопшти телевизискиот канал Ер Те Би Еф.

Кралицата е хоспитализирана и се очекува да се врати во Белгија во блиска иднина. Состојбата на 81-годишната Паола е оценета како стабилна.

По абдикцијата на белгискиот крал Алберт II на 21 јули 2013 година во корист на неговиот син Филип, поранешниот монарх и неговата сопруга Паола се повлекоа од раководството, но ги задржаа нивните кралски титули.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO