Референдумот за Договорот од Преспа во Македонија на 30 септември ќе биде следен од 383 местни и 286 странски набљудувачи, соопшти Државната изборна комисија на својата интернет страница.

Најакредитирани местни набљудувачи имаат Центарот за слобода – 282, Националниот ромски центар Куманово – 46 и други.

Од странските набљудувачи најбројни се оние на ОБСЕ – 188, на амбасадата на САД – 35 и мисијата на ОБСЕ во Скопје со 12 набљудувачи.

Парламентарната асамблеја на Советот на Европа ќе го набљудува референдумот со осум набљудувачи, Амбасадата на Велика Британија со девет, амбасадите на Франција, Албанија и Унгарија со по шест, амбасадите на Турција и Косово со по четворица.

47 странски новинари се акредитирани за да го одразуваат референдумот.

Рокот за поддавање на барање за акредитации за набљудување на референдумот истече.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO