На 26 септември 2018 година од 10.30 часот со свечено собрание во аулата на ректоратот на Софискиот универзитет започнува дводневната прослава на 130-годишнината на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“. Настанот се одржува под покровителство на потпретседателот на Република Бугарија Илијана Jотова.

Во 12.00 часот во Централното фоаје на ректоратот ќе биде отворена јубилејната изложба „Универзитетската библиотека низ објективот на двајца фотографи“. Презентираните во изложбата фотографии на Универзитетската библиотека се дело на две генерации фотографи, премногу оддалечени во времето кои припаѓаат на различни епохи.

Во 14 00 часот во аулата на Алма Матер ќе биде официјално отворена јубилејната научна конференција на тема: „Современата библиотека – центар за обука, дијалог на културите, иновации и нови технологии“, која ќе продолжи и на 27 септември. Ќе вклучува над 30 учесници од Бугарија, Србија, Хрватска, Романија и Русија. Учесниците во четирите тематски секции зајавиле извештаи за актуелни прашања во областа на библиотекарството, библиологиjата, библиографијата, дигитализацијата на културното наследство и значењето во хуманитаристиката.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO