Американското Министерство за финансии воведува санкции на сопругата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и на други негови блиски соработници, соопшти АФП.

Силиа Адела Флорес де Мадуро, поранешен главен обвинител и сопруга на претседателот, е засегнатата од одлуката на САД, како една од фигурите која му помогнала на Мадуро да ја зајакне неговата авторитарна власт.

„Министерството за финансии ќе продолжи да наметнува финансиски санкции на оние кои се одговорни за трагичниот пад на Венецуела, како и на мрежите и вработените кои ја искористеле за да натрупаат нелегално богатство“, се вели во соопштението на министерот за финансии на САД Стивен Мнучин.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO