Албанците имаат најнегативно мислење за Црногорците – 13%, но шампиони во тој поглед за Тирана се Србите. Најлошо мислење кога станува збор за соседните народи, Србите имаат најмногу кон Хрватите – 45%, соопшти в. „Данас“.

Кога станува збор за позитивни мислења, граѓаните на Србија најмногу ги сакаат Грците – 43%, а кај Албанците станува збор за топли чувства кон Италијанците – 44%.

По омилените Грци, Србите ги следат Црногорците и Македонците, со одобрение од 20% и 18%. Кај Албанците по италијанските шампиони се Грците со 22 отсто, а по нив се Црногорците со 16 отсто.

Ова се само некои од резултатите од истражување на мислењето спроведено во август на 1000 испитаници во Србија без Косово и Метохија и 1000 во Албанија.

Ова е прв таков компаративна преглед на јавното мислење во двете земји на темата „Односите меѓу српскиот и албанскиот народ, изгледите за овие односи, спорни прашања, можностите и областите на соработка“.

Студијата е дел од еден поширок проект на тема „Срби и Албанци – по кој пат понатаму“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO