Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави во Њујорк дека за Србија национален приоритет е политичкото решение на косовското прашање.

„Бранејќи го својот суверенитет и територијален интегритет, Србија го брани меѓународното право, Уставот на ОН, зачувувањето на меѓународниот мир и безбедност, но и својот национален и историски идентитет“, рече Дачиќ во своето обраќање пред Самитот за мир, посветен на годишнината од раѓањето на Нелсон Мандела.

Дачиќ исто така, рече дека Србија искрено е посветена на мирот и дијалогот кој се води меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO