„Православието е загрозено од раскол, поголем од оној меѓу Истокот и Западот“, предупреди српскиот владика Иринеј Бачки по повод намерите на Вселенската патријаршија да даде автокефалност на Укринската црква, што според него, може да се случи и во Македонија.

Тој ги коментира за весникот „Политика“ предупредувањата на Руската православна црква (РПЦ) дека целиот православен свет е во опасност по одлуката на Цариградската патријаршија да испрати двајца „екзарси“ во Киев велејќи дека за прв пат во историјата на православната црква таа е под реалната закана од нов голем раскол, овој пат не меѓу христијанскиот Исток и Запад, а во самиот Исток.

„Ако тоа се случи, а јас се надевам дека и покрај се нема да се случи, тоа ќе биде поголем и потежок раскол од сите претходни во историјата на црквата, поголем и од расколот во 1054 година, со оглед на сегашниот број православни цркви и нивното влијание во светот „, кажа епископот Иринеј.

Според него екзарсите во Киев не се испратени за постојано, а за кратко време со конкретна мисија.

„Мисијата е за поставување на планот за обезбедување на автокефалност на украинските расколници од секаква боја и вид и против волјата на законодавната, канонската Црква во Украина, призната од сите цркви, на чело со Цариградската патријаршија“, објасни Иринеј, истакнувајќи дека зборот „егзарх „во овој случај значи само претставник или делегат.

Тој истакна дека СПЦ не прифаќа постоењето на две различни православија, едното ʺфанариотско“, а другото „московско“, а верува во една света, единствена и апостолска Христова Црква.

„Накратко: ние не сме за Москва, а за целосно почитување на вековниот канонски поредок и не сме против Цариград, а против секаква иницијатива која, дури и со добри намери, сигурно ќе доведе до уште потешки потреси и поделби од овие кои веќе ги имаме „, рече Иринеј.

Запрашан дали постои веројатност, ако црквата во Украина доби автокефалност, вакво нешто да се случи и во Македонија, епископ Бачки предупреди дека ако нешто такво „помине во Украина, тоа ќе помине не само во Македонија, туку и во Црна Гора, Абхазија и каде што ќе посакаат нарачателите и извршителите, а можеби дури и во Грција. „

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO