Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер Џорџ Сорос поднела жалба до Европскиот суд против Уставниот суд на Унгарија поради усвојувањето на новиот закон против граѓанските организации кои работат со бегалците и барателите на азил.

Директорот на правниот оддел на фондацијата Џејмс Голдстајн соопшти дека жалбатата има за цел да се спротивстави на законите кои ги „загрозуваат независните гласови во Унгарија“.

Законите, наречени „Да го запреме Сорос“, беа усвоени во јуни. Тие обезбедуваат казна до една година затвор за секој кој им помага на барателите на азил.

Во месец јуни унгарскиот парламент усвои закон кој ги оданочува со 25 отсто данок секој кој им помага финансиски или материјално на групите кои ја штитат миграцијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO