1912 година, создадено е Македоно-одринското ополчение, специјална бугарска воена единица, која дејствувала за време на Балканската (1912 – 1913) и Меѓусојузничката војна (1913). Таа била создадена во пресрет на Балканската војна. Составена е претежно од доброволци од териториите на Македонија и ОдринскаТракија (14 670 лица), кои поради фактот дека скоро избегале од пределите на Отоманската империја, не се регрутирани во редовната армија. Во ополчението се вклучуваат и Бугари од Северна Добруџа и Поморавјето, над 500 доброволци од други земји (Руси, Чеси, Романци и други), вклучувајќи и една цела ерменска чета составена од 274 лица. По завршувањето на војните за национално обединување ветераните од МОО го формираат Сојузот на Македоно-одринските ополченски друштва, кој развива културно-просветна дејност.

На снимката: Офицерите и воените чиновници на Македонско-одринското ополчение во 1912-1913 година

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO