Јас ќе гласам на референдумот на 30-ти септември. Јас сум првиот политичар кој храбро го постави храбро ова прашање / спорот за името со Грција бел. ред./, на начинот на кој денес премиерот Зоран Заев дејствува. Во тоа време, преговаравме со грчкиот премиер Симитис за имињата – Северна и Горна Македонија, но тогаш тоа беше само за меѓународна употреба.

Ова го изјави создавачот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер Љубчо Георгиевски за Радио слободна Европа по повод претстојниот референдум на 30 септември за Договорот со Грција и за започнување на преговори за членство во ЕУ и НАТО.

Георгиевски потсети дека во тоа време „неговите најголеми противници и критичари за овие преговори со Грција биле од тогашниот опозиционен Социјалдемократски сојуз и блиски до оваа партија новинари“.

„Многу се радувам што денес оваа иницијатива се води од премиерот Зоран Заев. Ако денес не го решиме ова прашање, ќе останеме ФИРОМ уште многу децении … Претстојниот референдум е шанса што треба да се искористи. На ова прашање не треба да се гледа од партиска гледна точка. Станува збор за наднационално прашање. Цела Македонија треба да биде обединета „, рече поранешниот македонски премиер.

Љубчо Георгиевски не ја одобрува позицијата на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, која поскоро води политика за бојкот на референдумот. „Во однос на измените во Уставот, треба да кажеме дека досега сме направиле неколку промени и ова не е ново“, рече тој.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO