Техеран обвини „туѓ режим“, поддржан од САД, за атентатот врз воената парада во иранскиот град Ахваз, соопштува Би-Би-Си. Според најновите податоци, жртвите се најмалку 24, вклучувајќи ги и цивилите.

ТАТКОВИНА потсетува дека најмалку 53 лица беа повредени во атентатот врз воената парада во иранскиот град Ахваз, вклучувајќи и мајка со дете.

Неколку напаѓачи отвориле оган против воената парада во градот. Мажи кои биле облечени во воени униформи отвориле оган на учесниците на настанот од блискиот парк, додека поворката поминувала во близина.

Според локалните медиуми, двајца од стрелците, чија цел била бината со официјални лица, се убиени. Полицијата ги обвини исламистичките бунтовници за нападот. Иран ја слави годишнината од војната со Ирак (1980-1988) со воени паради во поголемите градови во земјата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO