Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ беше осуден на осум месеци условно за даночни малверзации во Шпанија, соопшти El Mundo.

Хрватскиот фудбалер склучил договор со обвинителството и ја признал вината по две точки од обвинението за измами.

Условното казнување може да се замени со парична казна во износ од 60 000 евра. Модриќ веќе платил надомест од 1,2 милиони евра. Тој неодамна изјави дека не планира да го напушти Реал. Во летото кандидат за него беше Интер Милано, но светскиот вицешампион претпочита да остане на „Бернабеу“. Модриќ е еден кандидатите за Фудбалер на годината на ФИФА, негови конкуренти се Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO