Куриозитетна ситуација се случи пред градоначалничките избори во перуанскиот град Јuнгар каде еден против друг се исправаат Хитлер Алба Санчез и Ленин Владимир Родригез Валверде.

Според радио RPP кандидатот кој го носи името Хитлер, се претставува во предизборната кампања како „добриот Хитлер. Во Латинска Америка не ја познаваат европската историја, таму името Хитлер е само едно странско име и ништо повеќе.

Сепак Ленин Валверде има претстава кој е Хитлер и поднесе тужба за отстранувањето на Алба Санчез од гласањето, но неговата жалба беше одбиена од локалниот суд.

Самиот кандидат признава дека е тежок товар да го носи името на еден од најозлогласените политичари на минатиот век. Тоа бреме не му е попречило еднаш да го предводи градот – во 2011-2014 година. Според него тој бил крстен Хитлер, бидејќи тоа е туѓо име, а неговиот татко воопшто си немал поим кој бил човекот на кого го крстил синот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO