Легендарната актерка Клаудија Кардинале пристигна во Македонија, соопштува МИА. Ѕвездата на италијанското кино е во Битола со нејзината ќерка Клаудија за отворањето на 39-тиот Меѓународен филмски фестивал ʺБраќа Манакиʺ.

Вечерва ќе го помине црвениот килим во Културниот центар во градот, каде што ќе се одржи официјалната церемонија на фестивалот. Се очекува да ја добие наградата „Златна камера 300“ за целосен придонес во светот на киното. Во Битола е и добитникот на Оскар, операторот Роџер Дикинс, кој исто така е лауерат на наградата за целосен придонес.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO