Терористичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за атентатот врз воена парада во југозападен Иран, соопштува АФП, цитирајќи ја новинската агенција на џихадистичката група „Амак“.

ТАТКОВИНА потсетува дека Техеран обвини „странски режим“, поддржан од САД, за атентатот врз воената парада во иранскиот град Ахваз, соопштува БиБиСи. Според најновите податоци, жртвите се најмалку 24, вклучувајќи ги и цивилите. При нападот се повредени најмалку 53 лица, меѓу кои и мајка со дете.

Неколку напаѓачи отвориле оган против воена парада во градот. Мажи кои биле облечени во воени униформи отвориле оган на учесниците на настанот од блискиот парк, додека поворката поминувала во близина.

Според локалните медиуми, двајца од стрелците, чија цел била бината со официјални лица, се убиени. Полицијата ги обвини исламистичките бунтовници за нападот. Иран ја слави годишнината од војната со Ирак (1980-1988) со воени паради во поголемите градови во земјата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO