Започна 185-ото издание на популарниот фестивал ʺОктоберфестʺ во германскиот град Минхен, соопштува Би-Би-Си. Пред да бидат налеани првите чаши со пиво, како што наложува традицијата првото буре со пенлива течност беше отворено од градоначалникот Дитер Рајтер.

Фестивалот ќе трае до 7-ми октомври. Очекувањата на организаторите се дека ќе го посетат околу 6 милиони луѓе. Минатата година на овој настан биле испиени повеќе од 7,5 милиони литри килибарена течност.

Првиот „Октоберфест“ се одржал во 1810 година по повод венчавката на баварскиот принц Лудвик. Празникот започнал на 12 октомври и траел до 17-ти.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO