Многу смеа и филозофски размислувања ги очекуваат гледачите кои ќе ја гледаат новата претстава на Мариус Куркински во која сериозните нешта од животот се гледани од смешната страна. Ова е приказна за опстанокот на една жена, напуштена уште како дете.

Тие ќе започнат интрига на сцената и ќе си ги разменат болните реплики од делото на еден од најголемите хрватски драматурзи.

Ликовите се луѓе кои имале многу тешкотии во животот, но наоѓаат сили да продолжат, покрај болката. Го интерпретираат тоа со многу хумор. Според режисерот претставата не може да се нарече токму комедија, но акцентот е ставен токму на неа. Дури и неверството е видено од смешен агол. Комедија во која ликовите живеат грешно и се свесни за тоа. Тие добиваат многу предупредувања, но не се менуваат. Уште во самиот наслов има сигнал за интересно, атрактивно, но опасно постоење. Дали е можно мојата сопруга да има маж ?! Зошто се доаѓа до таква прогонувачка и „глупава“ ситуација? Кои се причините?

Повелете да се насмееме со театарската група од Софија, во НУЦК „Антон Панов“-Струмица, 06.10.2018, со почеток од 20:00 часот.

Влезот е СЛОБОДЕН.

(во содејство на Бугарски Културен Клуб-Скопје)

Актери: Марија Сапунџиева (Мумба Божка од „Целосна манница“), Ненчо Илчев („Столичани во повеќе“) и Кирил Ефремов (близнакот Тишо од „Под прикритие“)

Кликнете тука за повеќе информации.

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO