<- Назад кон првиот дел

ВМРО, болшевиците и Мајскиот манифест

Октомврискат револуција од 1917 година се смета за прва фаза кон воспоставувањето на комунистичкиот поредок. Следниот чекор во овој план е „извоз“ на револуцијата од Русија надвор.„Првиот револуционерен напад“ беше од 1918 до 1920 година, како главна насока кон земјите од Централна Европа. Државите кои болшевиците ги земаат за таргет се претходно победените држави од Централните сили (Унгарија, Австрија, Германија, Турција, Бугарија). Психолошката ситуација во овие земји, заедно со тешката политичка, социјална и економска ситуација, создава погодна почва за комунистички идеи. Во принцип, овој „прв револуционерен бран“ е неуспешен. Владата на Бела Кун во Унгарија траеше речиси една година пред да биде симната, „Баварската советска република“ постои помалку од еден месец, а војната на Црвената армија против Полска завршува со пораз на Болшевиците.

Таму каде што тие создаваат сериозно влијание, дури и ако не ја преземат власта, тоа е Виена. Таму е создадена централата на нивното разузнавање.

Во 1922 година, кога ВМРО е веќе „држава во државата“, се случува настан, кој на прв поглед нема врска ниту со организацијата, ниту со Тодор Александров. Овој настан е крајот на Граѓанската војна во Русија со конечна победа за болшевиците. Излегува дека е клучна затоа што ги одврзува рацете на Коминтерната да го спроведат својот план за „светска комунистичка револуција“. Истата година, формулирана е тезата за „вториот бран“ на пролетерската револуција. Разликата со „првиот бран“ е тоа што сега повеќе се потпира на пробив во односите меѓу државите кои треба да ги експлоатираат локалните комунистички партии. На крајот од 1922 и почетокот на 1923 година, прогнози за вакви пробиви се отцртуваат на Балканот, поточно меѓу непријателската Југославија, Грција и Романија, од една страна, и Бугарија од друга страна. Освен тоа, Коминтерната е свесна дека главните несогласувања меѓу балканските земји се заснова на национални прашања. Како резултат на тоа, национално-ослободителните движења би можеле да бидат клучни за комунистичките планови. Со поддршката на државниот удар од 9 јуни, ВМРО го покажала својот потенцијал да влијае на внатрешнополитичкиот живот на балканските земји.

По Деветојунскиот преврат, Коминтерната гледа можност да ја дестабилизира Бугарија, обидувајќи се да ја ликвидира бугарската влада и да ја провоцира Југославија да навлезе во територијата на Бугарија. Соодветно, болшевиците ја поттикнуваат Бугарската комунистичка партија да земе курс кон вооружено востание во земјата. Кога таа одлука е донесена од БКП, првото нешто што го прават е да се обидат да го привлечат ВМРО. Од Виена, пристигнува Васил Коларов, кој се сврзува со членот на Задграничното претставништво на ВМРО Георги Баждаров. На навестување на бунтот на Коларов, Баждаров одговара:

„Насърдчавайтѣ комунизма въ Сърбия и Гърция, защото той е рушителна сила. Щомъ тѣзи държави се рушатъ, то е добре за насъ, за насъ е вредно обаче България да се руши. Нека гръцкитѣ и сръбски комунисти взематъ прѣднина прѣдъ васъ, българскитѣ – вие слѣдъ тѣхъ върветѣ. Ето и това ще бѫде отъ полза за насъ, за нашето дѣло.“

Слични разговори се прават и со Тодор Александров. Неговите изладени односи со бугарската влада не се доволни за да биде привлечен кон комунистичкиот бунт. И покраj тоа, тоj добро осознава, дека не е во интерес нуту за ВМРО ниту на Бугарија македонската организација да продолжува да се меша резко во внатрешните работи на Царството. Затоа договорот што го постигнуваат ВМРО и БКП е автономистите да останат неутрални, под услов комунистите да не дигнат бунт во Пиринска Македонија. Меѓутоа, во плановите за Септемвриското „востание“, БКП целосно го игнорира ветувањето што го дала и дига бунт во Разлошко. ВМРО брзо и безмилосно реагира кон бунтовниците, а востанието е сурово задушено.

Во интервју за весникот Тајмс, Александров изјавува:

: „…и азъ тогава заявихъ на комуниститѣ, че смѣтамъ какво всѣкакви възстания и прѣврати усложняватъ и безъ туй мѫчното положение на България и сѫ врѣдни и недопустими. Въ името на организацията азъ уведомихъ комуниститѣ, че независимостьта на България ми е извънредно скѫпа и тъй като единъ комунистически прѣвратъ би заплашилъ тази независимость, организацията ще бѫде длъжна да смѣта всѣки опитъ за сваляне на сѫществуващото правителството и замѣстването му съ правителство на земедѣлци и комунисти като ударъ върху независимостьта на България и че слѣдователно тя ще започне една прѣка и безпощадна борба съ авторитѣ на такива опити и ще се отнася съ тѣхъ както се отнася съ своитѣ неприятели.“

Сепак Тодор Александров дава наредба да не се убиваат лидерите на бунтот во Пиринско, а да се испратат во автономистичките чети. На тој начин се осигурува. Зошто му треба такво осигурување?
Уште при создавањето на Версајскиот систем од договори, Ленин објавува дека ја поддржува тезата на американскиот претседател Вудроу Вилсон за самоопределување на народите. Теза застапена ревносно и од македонските револуционери, чии минимални политички барања се Грците и Србите да ги почитуваат националните и културни слободи на Бугарите во нивните граници.

Логично, Тодор Александров гледа потенцијал за развој во односите со Коминтерната. Тој е против дестабилизацијата во која болшевиците се обидуваат да ја фрлат Бугарија, но смета дека каузата на ВМРО треба да биде застапена од колу што може повеќе Велики сили, од кои едната е Советска Русија. Тоа е компромис кој Тодор Александров го прави и покраj неговиот длабок сомнеж кон комунистите. Тој поаѓа и од фактот дека неговиот познаник Кемал Ататурк успева да обезбеди болшевичката поддршка за својата кауза без тој самиот да е таков.

Пред Коминтерната да започне активни разговори со Александров и генерал. Протогеров, тој ја обезбедува поддршка на третиот член на ЦК – Петар Чаулев, како и друг првенец на организацијата, кој подоцна се претвора во македонист – Димитар Влахов. Тие од своја страна изготвуваат декларација, во која се зборува за „единствен балкански фронт“ против империјализмот, за борба против сите балкански буржоаски влади, вклучително и таа на Бугарија. Во таа декларација не се гарантира независноста на ВМРО од комунистичките аспирации. Потпишувањето на декларацијата од страна на Чаулев и Влахов обезбедува превласт на болшевиците над Тодор Александров пред преговорите воопшто да започнале. Тодор Александров и Александар Протогеров кога пристигнуваат во Виена сеуште не знаат за предметната декларација.
Болшевичките претставници (и двајцата родени во Бугарија) Соломон Голдстајн-Черски и Никола Харлаков ги поставуваат своите услови без никакво стеснување, земајќи ја во предвид нивната очигледна голема надмоќ. Тие услови генерално се: Сојуз на ВМРО со БКП и радикалните елементи на БЗНС против владата на Заговорот, исклучување на револуционерите кои учествувале во задушувањето на Септемвриските метежи, помирување со прокомунистическата (и просрпската) Македонска Федеративна Организација, реорганизација на ВМРО и влегување на федералистите во неа.

Тодор Александров брзо ја осознава стапицата во која тие се обидуваат да го стават. Условите се апсолутно неприфатливи за ВМРО, бидејќи ако бидат прифатени, тоа значи болшевизациjа и отклонување од главната цел на организацијата, имено слободата на Македонија. Во оваа ситуација тој нуди одложување на преговорите и веднаш напуштање на Виена од ЦК на ВМРО. Петар Чаулев и Димитар Влахов кои се продаваат на болшевиците, логично одбиваат, но на изненадување на Александров, неговиот колега генерал Протогеров, исто така се присоединув на нивниот став. Затоа никој не се одзива на предлогот на Александров и тој останува изолиран.

На крајот e одлучено да се продолжат преговорите, како што е сценариото на болшевиците. Тодор Александров знаејќи го основниот тон на преговорите, ги овластува Чаулев и Протогеров да ги завршат, а тој заминува за Лондон да бара поддршка од новата англиска влада. Овие активности на Стариот се покажуваат грешни, бидејќи тој наивно смета дека неговите колеги ќе се водат од интересите на ВМРО при преземањето на обврските кон Коминтерната. Тоа не се случило. На 6 мај, се потпишува еден договор кој во историјата е познат како „Мајскиот манифест“. Во овој манифест јасно се гледа антибугарската линија, изразена во инсинуациите дека во Бугарија, слично на Југославија и Грција, исто така, има национално угнетување на „Македонците“ (тука се разликуваат од бугарската нација), и прокомунистичката линија во која е дадено предност на класнатата борба над националната. Затоа требало, според манифестот, ВМРО да е револуционерен и во границите на Бугарија, а не како досега да е револуционерна во Југославија и Грција, и само помошна во Бугарија. Исто така, се обjавува помирување со федералистите.

Кога Александров потоа го чита манифестот, тој останува потресен. Преземањето на таков курс на ВМРО е еднакво на нејзино самоубиство, бидејќи комунистичката природа на овој документ би ги настроила против ВМРО, апсолутно сите европски политички кругови кои биле благонаклони кон македонската борба. Александров, исто така, има храброст да ја признае и да ја отчети својата грешка во спроведувањето на преговорите:

 „Никога не ще си простя това малодушие“– изјавува на Георги Баждаров.

Болшевиците не прават илузии дека Александров ги прифатил идеите за кои дел од македонското раководство превзеле ангажман. Тие го користат манифестот најчесто за да го изнудуваат нивниот непријател, кон кого се залагаат да го компромитираат и дезавуираат политички. Всушност, Коминтерната никогаш не сакала сериозна соработка со ВМРО врз основа на заеднички интереси. Во едно свое писмо, Георги Димитров (приврзаник на потврдиот тон кон ВМРО) зборува за создавање на внатрешна левичарска опозиција на Александров и неговите соборци „кои биле некогаш бугарски националисти и едвај се во состојба да бидат само македонски револуционери“ да го неутрализира, постепено да го совлада ВМРО одвнатре и конечно да го болшевизира.
Александров се обидува да ја поправи целата грешка, но во овој момент се гледа колку малку може да лавира заради грешките на неговите колеги. Во јули комунистите го објавуваат манифестот во весникот „Балканска Федерација“ и последователно е препечатен во органот на Илинденската организација. Со ова општеството во Бугарија и во Европа се наежува. Насекаде мислат дека ВМРО се продавла на Коминтерната. Александров излегува со декларација со која го објавува Манифестот за „мистификација“ и негира дека има никаква врска со тоа. Истото го прави и Протогеров, иако го потпишал. И покрај се, болшевиците навистина успеваат да го дискредитираат политички Александров пред надворешниот свет, а неговите позиции во ВМРО изгледаат се понесигурни.

(продолжува)

Пишува- Калојан Васев

Завршил 164 Гимназија по изучување на Шпански јазик „Мигел де Сервантес“, Студира Бизнис и Историја на Абердинскиот Универзитет., Се интересира за историја, политика и меѓународни односи. Посебен интерес има кон историјата на Третата бугарска држава, бугарските револуционерни движења и националното прашање.

CONSERVATIVE.BG  – медиумски партнер на ТАТКОВИНА

 

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO