Секој бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и демократијата, констатираа на денешната средба во владата британскиот државен министер за за Европа и Америка Алан Данкан и премиерот Зоран Заев.

Како што објави прес-службата на владата, Данкан изразил поддршка за успешен референдум, демократски начин на изразување на граѓанската волја, како и за процесот на интеграција на Македонија и поттикнување на земјата да ги постигне своите стратешки цели. Тој додаде дека ова е важно за Македонија, но и за целиот регион.

Премиерот Зоран Заев изразил уверување дека мнозинството граѓани ќе излезат и ќе гласаат за евроатланската иднина на земјата

На состанокот, исто така, биле разгледани и други тековни политики и безбедносни прашања на местно и регионално ниво.

„Заедничката проценка е дека евроатлантската интеграција на Македонија е придонес кон регионалната стабилност и безбедност и на економските изгледи за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Британскиот министер за Европа и Америка денеска се сретна и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO