Русија се меша во политичките дебати во Македонија со цел да влијае на исходот од референдумот во земјата и на тој начин да ја спречи балканската држава да влезе во ЕУ и НАТО, пишува в. ʺДејли телеграфʺ.

Весникот пишува дека за оваа опасност предупредил американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, кој беше вчера на посета во Скопје. Според неговите зборови, не постои сомнеж дека Москва насочила поток од пари на проруските групи во Македонија, со надеж дека на референдумот на 30 септември, избирачите ќе се откажат од промена на името на земјата.

Гласачите треба да го одобрат или да го отфрлат предлогот нивната земја да се нарекува Република Северна Македонија. До овој компромис дојде по речиси 30-годишната блокада од страна на Грција.

Откако Македонија се одвои од Југославија во 1991 година, Грција инсистираше на тоа дека, преку името на нејзиниот сосед, гледаат територијални претензии кон грчката провинција со исто име. Затоа, во сите меѓународни институции, земјата официјално се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија. Но, во јуни, по 27 години преговори, Скопје и Атина постигнаа договор за промена на нејзиното име, а потоа Атина повеќе нема да го блокира пристапот на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO