Најголемата вредност на Договорот од Преспа е што конечно нема веќе сонувања за нови конфликти, конечно земјата и регионот чекорат кон една одржана стабилност, зачленувајќи се во најголемата политичка – воена организација НАТО и Европската Унија, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Не сакам да создадам илузија дека нема да се случи зачленувањето во Европската Унија, бидејќи е процес што може да одземе многу време, но не и бескрајно, бидејќи клучот е на 30 септември, затоа што после овој датум се отвараат вратите на НАТО, каде после 15 месеци ќе бидеме полноправна членка и за ова ви гарантирам. На 30 септември се отвараат вратите и за влез во Европската Унија, за што во јуни следната година ќе почнат преговорите за членство. Затоа ајде сите заедно на 30 септември да гласаме за иднината на новите генерации“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO