Русија нема да се штрекне особено од предупредувањето на американскиот министер за одбрана Џејмс Матис да не се мешаат во Македонија. Бидејќи за Москва залогот во оваа земја е многу голем: ако на референдумот на крајот од овој месец тамошните граѓани го отфрлат постигнатиот со Грција компромис во спорот за името, понатамошното приближување на Македонија со НАТО и со ЕУ ќе биде блокирано за долги времиња.

Така плановите на руското раководство, кои во Црна Гора пропаднаа со страшен тресок, во Македонија ќе пожнеат успех: понатамошното проширување на НАТО на Балканот ќе биде спречено. А Москва ќе продолжи во истиот дух – како до пред промената на власта во Скопје минатата година, ја поддржуваше авторитарно-националистичката власт во Македонија, која подгреваше антизападни расположенија и ја доведе земјата до изолација.

Важно е дејствијата на Москва во Македонија да бидат именувани со нивните вистински имиња. Но уште поважно е тоа што водечки политичари од ЕУ, вклучително и канцеларката Меркел, го направија во последните недели при посетата во Македонија: се обидоа да ги отворат очите на луѓето за големата корист која ќе ја имаат од решавањето на спорот за името.

––––––––––––––-

Коментар на Рајнхард Везер за ʺФранкфуртер Алгемајне Цајтунгʺ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO