НАТО нема намера да отстапува пред Русија, туку напротив ќе ги задржи своите силни, но фер односи спрема Москва, по прашањето за членството на поранешните советски републики.

Ова го изјави генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт Јенс Столтенберг за време на неговиот говор во фондацијата Херитиџ во Вашингтон.

„За нас не е контрадикција да бидеме моќни во односите кон Русија, но во исто време да сакаме и дијалог“, истакна Столтенберг и појасни: Не сакаме конфронтација, но вина за лошите односи меѓу НАТО и Русија носи Москва и нејзината подготвеност да користи сила кон своите соседи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO