Нова демократија ќе гласа против Договорот од Преспа, а другата страна треба да знае дека, ако не биде изгласан од грчкиот парламент, тогаш преговорите почнуваат од почеток, порача Кирјакос Мицотакис, лидерот на најголемата грчка опозициска партија од Солун, за време на неговиот говор во рамките на 83от Меѓународен саем, јави МИА.

„Сакам од овде, од престолнината на Македонија да испратам една јасна порака до сите, Нова демократија ќе гласа против овој договор дали сега дали во следниот парламент. А ако на крај, договорот што го потпиша СИРИЗА не биде изгласан од парламентот, тогаш и другата страна треба да знае дека преговорите започнуваат од почеток“, рече Мицотакис и уште еднаш го повтори ставот дека со Договорот од Преспа „на соседите им се отстапуваат македонскиот идентитет и македонскиот јазик“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO