Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да прифати договор за Косово, без сеопфатен пакет за Србија. Тој порача дека не е оптимист во врска со договорот, но дека ќе стори се за тој да биде постигнат. Осврнувајќи се на медиумските тврдења дека барал гаранции за членството на Србија во ЕУ во 2025 година, доколку потпише договор со Приштина, Вучиќ нагласи дека тоа „и порано, речиси 100 пати“, и го кажал на меѓународната заедница.

„Но, ако некој мисли дека е можен договор без сеопфатен пакет, кој ќе се однесува на иднината на Србија и без дополнителна економска помош и драматично побрз раст, нека зане дека тоа не ми паѓа на памет“, порача Вучиќ. Според него, Србија добро ја поставила својата платформата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO