Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека нема „скриено руско влијание“ во соработката на Република Српска со Русија. Тој вели дека Република Српска е подготвена за соработка со сите држави во регионот и пошироко кои тоа го сакаат, но не сака да се одвои од пријателите како што е Русија и се гордее со таа соработка, пренесува „Независнe новинe“.

Додик потенцира оти не е добро секој вид на соработка на РС и Русија да се прикажува „на малиген начин со цел да се спречи руското влијание на тој простор“.

Во текот на обраќањето на форумот за стратешки дијалог за соработка меѓу Санкт Петербург и РС, на кој присуствува гувернерот на тој град Георгиј Полтавченко, Додик рече дека рускиот став кон БиХ не е навивачки за една страна, туку принципиелен во поддршката на Дејтонскиот договор.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO