Местото на Република Македонија е во НАТО и во ЕУ. НАТО значи безбедност, мир и стабилност. НАТО значи траен мир и никогаш повеќе војни.

Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев и лидер на владејачкиот Социјалдемократски сојуз за време на состанокот со граѓани во градот Кичево по повод претстојниот референдум на 30-ти септември. „Во член 5 во статутот на НАТО пишува – при напад на земја – членка на Пактот тоа значи дека има напад врз НАТО и сите земји-членки. Со нашиот влез во НАТО конечно ќе ја гарантираме безбедноста на Република Македонија“, изјави уште Зоран Заев.

„Денешната генерација има историска улога. Ако во 1991 година добивме независна држава, денес треба да го гарантираме напредокот на нашата земја по 27 години“, истакна Премиерот и додаде: НАТО и ЕУ немаат алтернатива за нас.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO