Под патронажа на Претседателот на Националниот комитет за одбележување на 100-годишнината од Првата Светска Војна, Красимир Каракачанов- вицепремиер и Министер на одбрана на Република Бугарија, во соработка со Институтот за историски истражувања при БАН, Македонскиот научен институт, Регионалниот историски музеј-Благоевград и Бугарски Културен Клуб- Скопје, викендов во Хотел „Истатов“ во Нов Дојран се организира меѓународна научна конференција под наслов „Првата Светска Војна и излегувањето на Бугарија од неа.“

Битката, победата кај Дојран се изучува во најпознатите воени академии низ светот. Раководството на ВМРО, поточно Александар Протугеров во 1915 ја формира 11-тата пешадиска македонска дивизија, наследник на Македоно-одринското ополчение од 1912 год. која брои околу 33-34 000 души во септември 1915 год. Составена е од луѓе од Македонија – доброволци, бегалци во Бугарија, членови на Организацијата, како и дезертери од српската и грчката армија. Оваа дивизија е дел од бугарската армија и зема учесгтво во битката на Дојран, заедно со Тројанскиот полк, каде во нивна чест е Фердинанова чешма.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO