1869 година, во име на скопската епархија се поднесува молба до Муфтијата во Скопје, до валијата во Призрен и големиот везир во Цариград, во која се наведува дека епархијата се откажува од Патријаршијата и ја признава бугарската црква во Константинопол.

По смртта на митрополит Јоаким скопјани продолжуваат да настојуваат за митрополит Бугарин и Цариградската патријаршија го назначува Паисиј, погрчен Бугарин. И покрај отстапките што новиот владика ги прави на бугарското дело, општината не го прифаќа и на големо граѓанско собрание на 14 септември 1869 година скопската општина се откажува од Патријаршијата. На црковната служба во катедралата „Света Богородица“ на Воведение Богородично, 21 ноември 1869 година, отслужена од градското свештенство, е споменато не името на митрополит Паисиј, а тоа на Иларион Макариополски. Тогаш е формирана новата скопска бугарска општина со претседател архимандрит Харалампиј.

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO