Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ отворено jа обвини Српската православна црква и нејзиниот патријарх Иринеј во создавањето на тензии на Балканот.

Пред државната телевизија во Подгорица Ѓукановиќ ја критикуваше изјавата на Иринеј, во коjа тој jа спореди „положбата на црквата во Црна Гора со таа во времето на турското ропство и во времето на фашизмот“. „Не сум изненаден што тој /Иринеј, бел.ред./ не се разграничи од тоа свое тврдење. Тој уште еднаш докажа дека Српската православна црква е главниот фронтмен на великосрпскиот шовинизам во регионот и во Црна Гора. Таа е ударната тупаница на идеолозите за Голема Србија и империјалистичките интереси на Русија на Балканот. Сето ова треба да се следи многу внимателно од црногорската држава во претстојниот период“, предупреди Мило Ѓукановиќ.

Според него, пропагандната машина во Белград против Црна Гора повторно почнала да работи, како што се случи во 1990-тите. Ова е диктирано од преговорите меѓу Косово и Србија, од една страна, и употребата на Србите во Црна Гора, од друга страна, рече шефот на државата.

Ние ја признавме независноста на Косово, бидејќи таква е реалноста … Се обидов во разговорите со Борис Тадиќ и Александар Вучиќ да им објаснам дека не е рационално да водиш војни кои други ги загубија. „Она што навистина не го разбирам е фактот дека на српската медиумска сцена се отвораат нови фронтови во регионот. Ова се прави со цел да го свртат вниманието на јавноста во Србија од косовското прашање“, рече уште црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и истакна: Целосно логично е денес, 25 години подоцна, ние да не покажуваме несигурност од овие провокации, кои доаѓаат од места кои имаат вековни претензии кон црногорската независност.

„Црна Гора изгради сопствен имунитет и без особени напори може да истурка слични напади, независно од тоа дали доаѓаат од регионот или од Москва“, изјави во заклучокот Мило Ѓукановиќ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO